Венгер: Одење во пензија е еднакво на смрт, ќе продолжам да работам

by
1 минути читање

Иднината на стратегот
е топ тема на медиумите во последно време, тој на маса од Арсенал има нов две
годишен договор но се уште не е јасно дали ќе остане на Емирати.

По новата
разочарувачка сезона притисокот од фановите е огромен, и се погласни се
барањата Арсен Венгер да го напушти клубот.

Се најавува дека
тој по денешниот натпревар со Манчестер Сити ќе соопшти каква одлука донел.

И додека фановите
на Арсенал со нетрпение очекуваат да слушнат каква ќе биде иднината на Арсен
Венгер, 67 годишниот Французин порачава дека нема да оди во пензија.

„Нема да се
пензионирам
– вели Венгер.
„Пензија е за млади луѓе. За старите, одење во пензија е умирање
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани