„Мислиш тоа е прашање?“ – Мурињо распали по новинарот на БиБиСи (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Португалецот
имаше уште едно разочарувачко попладне на Олд Трафорд и гледаше како неговиот
тим доминира над противникот, но наместо цел плен „Црвените Ѓаволи“ одново мораа
да се задоволат само со бод.

По крајот на
средбата, новинарот на БиБиСи го праша стратегот дали натпреварот бил
изедначен, па Жозе Мурињо експлодираше и силно распали.

„Жозе, се смееше
со Тони Пулис на крајот, па дали средбата беше изедначена?
– праша новинарот.

Мурињо одговори: „Го
мислиш ова? Навистина го мислиш? Мислиш дека ова е прашање?

Новинарот се
обиде да го појасни своето прашње, по што следуваше уште пожестока реакција од
„Специјалниот“.

„Се смеевме
бидејќи тој ми е пријател. Не разговаравме за натпреварот. Мислиш дека
натпреварот бил изедначен?

„Можам да се
смеам кога ќе изгубам, кога ќе победам, кога ќе одиграме реми
.

„Но ти прашуваш
за натпреварот. Навистина мислиш дека бил изедначен?

„Жал ми е што ќе
го кажам ова, но прашањето е глупаво
.

„Кога едниот тим
ќе ја помине средината само еднаш во 90 минути, а другиот тим 90 минути е со
топката во противничката половина и се обидува, се обидува, се обидува… ми
кажуваш дека тоа е изедначено
.

„Не требаше да се
браниме. Не се браневме. Топката постојано беше кај нас, Давид Де Геа спиеше“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани