Денеска на
програмата во Бундеслигата беше големото дерби помеѓу локалните ривали Шалке и
Борусија Дортмунд.
Ѕвездата на
гостите, Пјер Емерик Обамејанг имаше подготвено специјална кореографија за
прослава на погодок, па откако ја затресе мрежата на Шалке го покажа своето алтер
его.
Во минатото тој
беше Бетмен и Спајдермен, но за средбата со лутиот ривал имаше специјална
маска и беше. „Маскираниот Голгетер“.
Сепак, оваа
прослава не им се допадна на лидерите на Борусија Дортмунд бидејќи е ПР акција на
Најк и производителот на спортска опрема од САД стои зад новиот „супер-херој“.
Пума е спонзор на
„Милионерите“ но и дел од сопствениците на клубот од Вестфаленд, па нема да
толерираат вакво однесување.
„Ќе разговараме
одново, но сега тој ќе биде во многу полоша ситуација” – вели првиот човек на Дортмунд,
Ханс Јоаким Вацке кој веќе еднаш го опомена напаѓачот откако Обамејанг го имаше
логото на Најк на својата фризура.