Баерн продолжува да го прибира најдоброто од Германија, го договори и талентираниот Бранд

by
1 минути читање

Клубот од Алианц
Арена одново го применува стариот рецепт кој добро функционира, да се засили со најдобрите играчи на
своите ривали од Бундеслигата.

За новата сезона
веќе се договорени двајца фудбалери од Хофенхајм, најперспективниот дефанзивец во
Германија, Никлас Суле и стандарниот Себастијан Руди.

Според пишувањата
на Билд, Баерн Минхен го „капарисал“ и големиот талент на Баер Леверкузен,
Јулијан Бранд.

За 20 годишниот
Германец интерес пројавуваат голем број на клубови од Европа, но „Баварците“
имаат вербален договор и ветување од играчот дека ќе се пресели во Минхен.

Весникот вели
дека во овој момент се уште не е јасно кога ќе се реализира зделката.

Тој е обврзан со
Баер до 2019 и во неговиот договор има клаузула според која во 2018 ќе може да
замине за 12,5 милиони евра.

Доколку Баерн
Минхен сака уште ова лето во своите радови да го донесе играчот ќе треба да
преговара со Баер Леверкузен и веројатно да искешира 30 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани