Јунајтед силно се поврзува со ангажман на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, но во нотесот на Мурињо е и Алексис Санчез.
Гризман неодамна изјави дека не му се допаѓа времето во Англија, а Санчез порача дека го сака Лондон.
Мурињо суптилно им одговори и на двајцата на ваквите изјави.
„Доколку играч сака да биде во Лондон и да ужива во градот, ние не го сакаме. Доколку првата мисла на играчот му е каде ќе живее – мислам дека Лос Анџелес Галакси треба да му е прв избор, потоа Виторија Сетубал од Португалија, може да оди на плажа секој ден. Тоа се прекрасни места каде што играчот може да живее и да игра“ – вели Мурињо.
„Ние сакаме луѓе кои навистина се заинтересирани уште при првиот контакт. Кога ќе им се јавиме јас или г-дин Вудворд на некој играч или агент, сакаме тој веднаш да биде заинтересиран или да сонувал да дојде тука. Такви играчи сакаме. Доколку не сакате да дојдете кај нас, со среќа, уживајте во вашиот клуб“.