Челси има две големи трансфер цели од Премиерлигата

by
1 минути читање

Престижниот англиски весник „Телеграф“ пишува дека Челси ова лето ќе се обиде да ги донесе Ромелу Лукаку од Евертон и Алексис Санчез од Арсенал.

Санчез никако да го продолжи договорот со Арсенал а прогнозите се дека тоа нема да се случи и тој ќе биде продаден во летниот преоден рок.

Чилеанецот изјави дека сака да остане во Лондон и да игра во амбициозен клуб кој се бори за титули, а таков е токму Челси. 

„Телеграф“ пишува дека Антонио Конте се сретнал со директорката на Челси, Марина Грановскаја и ги презентирал своите планови за летниот преоден рок. Највисоко на листата биле Санчез и Лукаку.

Слична е ситуацијата и со Лукаку, тој нема намера да потпише со Евертон, неговите амбиции се многу поголеми отколку на синиот клуб од Ливерпул, па голема е веројатноста дека ќе го промени тимот на лето.

Постои сериозна можност неговиот дрес да остане во иста боја доколку Челси успее во намерите да го ангажира.

Интерес за двајцата фудбалери има и од други клубови, но се верува дека Челси ја има пол позицијата, особено за Лукаку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани