70
Клупските колеги
од Стоук не се поштедија на дуелот помеѓу Ирска и Велс минатата недела во квалификациите за мундијалот во Русија, Глен
Велан со лакт го закачи Џо Ален во глава.
Двајцата потоа имаа вербален дуел, па дури си влегоа и лице во лице, а судијата Никола Рицоли мораше да ги
разделува.
Менаџерот на
Стоук, Марк Хјус сепак не гледа проблем во ова.
„Не би рекол дека
беше расправија, нема никаков проблем“ – вели Хјуз.
„Кога јас играв, и
на баба ми ќе и влезев со клизач ако таа
беше мој противник“.
„Двајцата се
пријатели, но играа за своите репрезентации и сакаа да победат. Се случуваат
вакви работи, не е ништо страшно“.