Манчестер јунајтед планира да ја плати откупната клаузула на Гризман

by
1 минути читање

Според англискиот медиум, Манчестер јунајтед и дефинитивно ќе се обиде да го донесе Антоан Гризман следното лето.

Клубот ќе ја плати откупната клаузула која е блиску до рекордниот трансфер на Пол Погба, а францускиот фудбалер и пријател на Гризман е задолжен да го убеди да ја прифати понудата од Јунајтед.

Мурињо го гледа Гризман како идеален партнер во нападот за Златан Ибрахимовиќ кој неизвесно е дали и следната сезона ќе игра за Манчестер јунајтед.

Ибрахимовиќ се уште не ја кажал својата конечна одлука, прогнозите велат дека тој ќе остане и идната сезона на Олд Трафорд, но тоа треба да биде и официјално потврдено.

Доколку Ибра замине од клубот, Манчестер јунајтед ќе тргне по Ромелу Лукаку кој јавно кажа дека сака да игра во тим кој се бори за титули.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани