Фергусон открива зошто Малдини не потпишал за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Двете фудбалски
икони, Сер Алекс Фергусон и Паоло Малдини беа еден покрај друг во Њујорк на
промоцијата на турнирот што летоска во САД ќе се одржи во рамките на
Интернационалниот куп на шампиони.

Шкотот во оваа
пригода откри дека се обидел да го донесе Паоло Малдини на Олд Трафорд, но
зделката не се реализирала поради таткото на играчот, Чезаре.

„Се обидов да го
купам Малдини, но кога се сретнав со неговиот татко, тој беше прилично сериозен
и само ми одмавна со главата
– вели Ферги.

„Што ми кажа? Ништо.

„Се шегувам, го
кажа следново „мојот дедо е Милан, мојот татко е Милан, јас сум Милан, мојот
син е Милан… заборави!“
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани