Беговиќ за расправијата помеѓу Конте и Мурињо: Беше смешно, на клупата се трудевме да останеме сериозни

by
2 минути читање

Италијанецот и
Португалецот минатата недела одново влегоа во клиинч на средбата помеѓу Челси и
Манчестер јунајтед во ФА Купот.

Антонио Конте и
Жозе Мурињо нервозно се распрааваа покрај аут линијата а четвртиот судија ги
делеше и не дозволи да дојде до поголем инцидент.

Резервниот голман
на „Сините“, Асмир Беговиќ сега открива како тој и соиграчит од клупата го
проследиле сето ова.

„Бев разочаран
што не играв, но барем од првиот ред можев да ги следам комичните будалаштини
покрај аут линијата

вели репрезентативецот на БиХ.

„Двајцата
менаџери влегоа во дуел, се дереа еден на друг, се работеше за тензичен
натпревар
.

„Немаше потреба
од нешто такво, но навистина беше смешно, се трудевме да не се смееме толку
многу
.

„Секогаш кога
камерата беше вперена во нив, играчите на клупата си велеа „гледај напред,
остане сериозен, не се смеј“. Не дека се однесуваа непрофесионално, но малку претераа
.

„Мислам дека
Конте и Мурињо не се сакаат

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани