„Денешниве играчи се разгалени деца“ – Мурињо вели дека повеќе нема мажи како Лампард

by
2 минути читање

Во разговор со
Франс Фудбал, „Специјалниот“ се жали од однесувањето на денешните млади фудбалери,
и посочува дека во денешно време тешко се наоѓаат играчи како легендата на
Челси, Френк Лампард.

„Морам да се
адаптирам на нов свет и на тоа какви се младите играчи сега
– вели Мурињо.

„Морам да ја
разберам разликата помеѓу работа со момче како Френк Лампард, кој на 23
години веќе беше маж и мислеше на фудбал, на напорна работа и професионализам,
и на денешните момчиња кои на 23 години се деца
.

„Не можам да
кажам дека тие се мажи. Мислам дека тие се разгалени деца и се што ги опкружува
не им помага ниту во животот ниту во работата. Морам да се прилагодам на сето
ова
.

„Пред десет
години, ниту еден играч немаше мобилен во соблекувалната. Сега сите имаат. Но
морате да се помирите со ова, доколку се обидете да се спротивставите на
ваквиот тренд ќе креирате конфликт и ризикувате да се вратите во камено доба
.

„Ако се обидете
да го сопрете играчот да прави нешто, па дури и нешто малку глупаво, на
социјалните мрежи, одите против природата
.

„Морам да
признaам, тоа што имам син и ќерка на приближни години, ми помогна да разберам
како тие функцинираат и каков е денешниот свет
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани