Мата: Мурињо се промени во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

По доаѓањето на Мурињо во Манчестер јунајтед се очекуваше заминување на Хуан Мата од клубот под претпоставка дека двајцата имале нарушен однос во Челси. Но фудбалерот вели дека тоа никогаш не било така.

„Многу се зборуваше за мојот однос со Мурињо во Челси, но немаше вистина во таквите приказни. Се разбира никој не е среќен кога игра помалку од претходно и затоа заминав во Манчестер јунајтед, но нашиот однос секогаш бил добар и професионален“ – вели Мата за „Л’Екип“.

„Фактот е дека од Мурињо учите и кога не сте во стартниот состав. Тој е тренер со многу идеи, кои има големи барања и внимава на секој детал. Од него научив многу иако не играв како претходните две години. Во медиумите се зборуваше за несогласувања помеѓу мене и него, но тоа е само поради тоа што новинарите не можат да разберат како фудбалер може да има нормален однос со тренерот кој го користи помалку од претходно. Нема да кажам дека ние имавме некој привилигиран однос, но имавме добар, професионален“.

„Во Манчестер јунајтед тој се промени. Сега е во нова средина, во поинаков клуб, со поинаков состав, различен стил на игра, сега неговата тактика е поофанзивна, нападот креира повеќе шанси за гол. Тоа е неговиот план, ние го извршуваме и тој е задоволен од нашите перформанси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани