Диего Коста се смее на шпекулациите кои го поврзуваат со Кина: Уште не знам англиски, па да земам да учам кинески…

by
1 минути читање

Диего Коста по лошата претходна сезона сакал да се врати во Атлетико Мадрид, но под водство на Конте се препороди и ја врати најдобрата форма.

„Односот со Конте не започна најдобро бидејќи кога тој доде му кажав дека сакам да се вратам во Атлетико. Фановите на Челси ме сакаа многу, дури повеќе од тие на Атлетико, можете да замислите“ – вели Коста.

„Дадов се од себе да се вратам во Атлетико. Веќе не би се борел така за да се вратам. Кога Атлетико требаше да ме почека, тие не го направија тоа. Знаат дека имам посебно чувство за тој тим, таму ги живеев најдобрите моменти од мојата кариера“.

За шпекулациите кои го поврзуваа со Кина, Диего Коста одговори:

„Уште не сум научил англиски, па да земам да учам кинески!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани