Фердинанд открива: Почнав да пијам по смртта на сопругата

by
2 минути читање

Во 2015,
сопругата на Рио Фердинанд и мајка на неговите три деца, Ребека почина на 34
годишна возраст откако ја загуби битката со ракот.

Во документарец
за БиБиСи, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед открива дека тешко ја
поднел смртта на неговата сопруга па почнал да пие.

„На почетокот, пиев многу навечер”
вели Рио Фердинанд.

„За среќа, имавме
жена која живееше со нас, таа ќе ги легнеше децата, а јас сред ноќ ќе се
разбудев и ќе почнев да пијам. Тоа траеше три до четири месеци
.

„Но сабајлето ќе
станев и ќе ги средев децата за на училиште
.

Тој исто така
вели дека е многу важно во вакви моменти од животот да се има „мрежа“ на луѓе
кои ќе помогнат да се пребродат тешките времиња.

„Важно е да имате
мрежа на луѓе, а јас имав среќа што покрај ова, ги мав и моите деца како
инспирација да станам и да ги завршам работите
.

„Некои луѓе го
немаат оваа, па тргнуваат кон темни места, и сега имам симпатии кои овие луѓе
.

„Кога сум читал
стории за самоубиства, сум се прашувал како овие луѓе можат да бидат толку
себични
.

„Но сега ги
разбирам
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани