Габи: Гризман во Реал? Па тие не се подобри од Атлетико

by
1 минути читање

Во последно време често се пишува
за иднината на Антоан Гризман, на кого добро внимаваат големите клубови ширум
Европа.

Самиот играч
вчера најави трансфер бомба и истакна дека е отворен за преселба во Реал Мадрид
или пак Барселона.

„Барса или Реал?
Зошто да не? Сон на секој играч е да игра за најголемите клубови и овие два
клуба, заедно со Баерн се токму тоа”
– одговори Антоан Гризман на прашање од
фановите поставено за францускиот весник Лекип.

Но капитенот на
Атлетико, Габи вели дека Реал Мадрид не е подобар од нив во моментов, па затоа
не може да го види Антоан Гризман во дресот на „Кралевите“

„Гризман во Реал?
Па тие не се подобри од Атлетико
во моментов – вели Габи, упатувајќи ситна провокација до лутиот градски
ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани