119
Најдобриот
„дриблинг“ на вчерашниот тренинг на „Црвената Фурија“ го имаше едно детенце кое
влезе на теренот за да се сретне со својот идол Алваро Мората.
Тоа најпрво убаво
замоли да го пуштат, но откако не му успеа тоа, реши да си „поигра“ со две лица
од обезбедувањето за на крајот да го гушне Алваро Мората.
Како награда за
успешната авантура доби селфи со ѕвездата на Реал Мадрид и автограм од
напаѓачот.