Судијата Мајкл Оливер важи за еден од најдобрите англиски судии, од него за подобар важи само Марк Клатенбург, но Манчестер јунајтед има проблеми кога тој е делигиран на нивните натпревари.
Синоќа уште во првото полувреме му даде два жолти картони на Андер Ерера, според многумина преблаги за да биде исклучен, па Мурињо не пропушти да се пожали.
По мечот Португалецот иронично изјави дека Мајкл Оливер има потенцијал да биде добар судија и потсети на неговата статистика на натпреварите на Манчестер јунајтед.
Мајкл Оливер на Манчестер јунајтед оваа сезона му судел четири пати, на овие натпревари тимот на Мурињо има две нерешени и два порази, ниту една победа. Противниците добиле три пенали, а Јунајтед еден црвен картон.
Овие натпревари се поразот од Ватфорд од 3-1, ремито со Евертон 1-1 и со Ливерпул 1-1, и вчерашниот пораз од Челси со 1-0.