Откриено како Виера го испровоцирал Бејл за Валшанецот да ги загуби нервите на дуелот со Лас Палмас

by
1 минути читање

Герет Бејл на
почетокот од овој месец ги остави своите соиграчи на цедило на средбата со Лас
Палмас, откако на стартот од вториот дел ги загуби нервите и беше исклучен.

Велшанецот
најпрво неколку пати од зад грб го удри Џонатан Виера, а откако судијата ја
прекина играта, тој го турна противничкиот играч.

Па во период од
само неколку секунди, Герет Бејл доби жолт и црвен картон.

Медиумите од
Шпанија сега откриваат што му кажал Џонатан Виера на Герет Бејл за да
испровоцира ваква реакција.

Фудбалерот на Лас
Палмас во првиот дел во неколку наврати го навредил Герет Бејл и му се обратил
со зборовите „бел мајмун“ и „човеколики мајмун“.

Наместо да се
смири на полувремето, Герет Бејл решил да дели правда на теренот веќе на
стартот од вториот дел, па мораше предвреме да замине на туширање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани