Мурињо нема напаѓачи за натпреварот против Челси

by
1 минути читање

Вечерва Челси го пречекува Манчестер јунајтед во дерби натпреварот од четвртфиналето во ФА Купот.

Претходно се знаеше дека Мурињо нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ кој има суспензија за следните три натпревари, но проблемите се продлабочија, Португалецот нема ниту еден напаѓач на располагање.

Информациите велат дека Мурињо нема да може да смета ниту на Вејн Руни, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал.

Вејн Руни се повредил на тренинг по судир со Фил Џонс, Марсијал исто така е повреден, Рашфорд е болен.

Се претпоставува дека во една ваква ситуација, Хенрих Мхитарјан ќе добие задача да биде најистурен напаѓач во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани