Од Франција обвинуваат: Ајтекин ги навредувал играчите на ПСЖ

by
1 минути читање

„Светците“ тешко
се помируваат со елиминацијата од Лигата на Шампионите, разочарани се од
начинот на кој судијата Дениз Ајтекин ја делел правдата.

Тие веруваат дека
имало неколку сериозни пропусти, не им бил досуден чист пенал за стартот на
Маскерано врз Ди Марија, а судијата свирнал и непостоечки пенал за стартот на
Маркињоз врз Суарез.

Весникот Ла
Парисиен сега излегува со нови обвинувања, пишува дека судијата во неколку
наврати
користел вулгарни зборови и ги навредил играчите на ПСЖ.

Кога фудбалерите
на шампионот на Франција протестирале за сомнителните одлуки, наводно Дениз
Ајтекин им се обратил со зборовите „Е*ете се“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани