Ростов му одговори на Мурињо: Не се жали многу, пред три недели теренот беше полош

by
2 минути читање

Жозе Мурињо
попладнево истакна дека е шокиран од состојбата на теренот на Олимп-2
стадионот, и изрази зачуденост како УЕФА дозволува да се одигра натпреварот.

Попладнево,
тренерот на Ростов одговори на критиките на Португалецот , вели дека теренот е
ист за два тима и му порача на својот колега да не се жали многу бидејќи теренот бил полош
кога пред три недели Спарта Прага гостувала во Русија.

„Теренот ќе биде
ист за двата тима, но го разбираме нашиот противник, тие не се навикнати да
играат на ваков терен и вакви услови“
– вели Иван Данилијанц.

„Условите се исти
и за нас и за нив. Можам само да му порачам дека пред три недели кога игравме
со Спарта Прага, теренот беше полош“.

„Тогаш немаше
никаков инцидент, но фудбалот е спорт со контакт па играчите можат да се
повредат. Фудбалерите можат да заработат повреда и на најдобрите терени и при
најдобри услови за игра“.

„Исто така, ние
како клуб не ја носиме одлуката дали да се игра или да не се игра. УЕФА е
одговорна за тоа. И ние би сакале да играме на подобар терен од овој“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани