Алонсо открива: Ја одбив Барса пред да потпишам за Челси

by
1 минути читање

Алонсо има импресивни партии во дресот на Челси оваа сезона со кој е на вистински пат да ја освои титулата во Премиерлигата.

Тој за сума од 24 милиони фунти од Фиорентина се пресели во Челси, а претходно имал понуда и од Барселона.

„Имавме разговори со Барселона, но тогаш мојот план не беше да ја напуштам Фиорентина. Тоа се промени кога дојде понудата од Челси, тогаш почнав да размислувам за промена“ – вели Алонсо.

Пред да потпише за Фиорентина, Алонсо во Премиерлигата играше за Болтон и Сандерленд, па Англија не е новина за него.

„Имаше некои големи клубови кои беа заинтересирани за мене, но одлучив да потпишам за Челси бидејќи тие беа тимот кој отсекогаш го сакав“.

„Имав некои други понуди од Италија и Шпанија, но кога дојде Челси по мене, не се мислев два пати. Челси е клубот кој секогаш ме привлекувал“.

„Од деновите кога бев во Болтон знаев колку голем клуб е Челси и не згрешив што дојдов тука. Работите се одвиваат добро за мене, но морам да продолжам по тој пат бидејќи мислам дека се уште можам да напредувам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани