Серхио Рамос е најдобриот играч за големи натпревари

by
1 минути читање

Реал Мадрид во Неапол отпатува со предност од 3-1, но работите на Сан Паоло не тргнаа најдобро за нив. Наполи поведе со 1-0, а имаше шанси и за втор гол. Но кога е најпотребно тука е Серхио Рамос.

Дефанзивецот со два гола на почетокот од вториот дел го сврте натпреварот, му донесе водство на Реал Мадрид и мирна завршница за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Статистиката вели дека од финалето во Лигата на шампионите во 2014 година до денес, Рамос постигнал 21 гол, а дури 18 од нив се случиле кога тимот губел или било нерешено.

Во 2014 во финалето од ЛШ во Лисабон, Атлетико Мадрид имаше водство од 1-0, кога во 93. минута Рамос постигна гол за 1-1 и го однесе натпреварот во продолженија во кои Реал славеше победа од 4-1.

Минатата година во финалето од Лигата на шампионите повторно играа двете екипи од Мадрид, резултатот беше 1-1 по 120 минути, а единствениот гол за белите беше дело на Рамос. Тој подоцна погоди и во пеналите по кои Реал Мадрид повторно го крена големиот пехар.

Ова се само два примери од повеќе на кои Рамос покажал дека е еден од најголемите играчи на сите времиња кога станува збор за важни натпревари, како во Лигата на шампионите, така и во Примера. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани