Долго време се најавува дека Французинот летоска ќе биде големо засилување на Манчестер
јунајтед, „Црвените Ѓаволи“ се спремни да ја платат неговата откупна клаузула
вредна 100 милиони евра.
Се говори дека
клубот од Олд Трафорд на Антоан Гризман му го има ветено легендарниот дрес со
број 7 а ќе го направи и еден од најплатените играчи во тимот.
Но денешното
издание на АС вели дека лидерите на Атлетико Мадрид го убедиле Французинот да остане и верува дека првата
ѕвезда на тимот ќе го носи „црвено-белиот“ дрес и следната сезона.
Весникот пишува
дека Антоан Гризман е среќен во Мадрид, и ужива во престојот во Атлетико и
главниот град на Шпанија.
Напаѓачот исто
така е задоволен што и тренерот Диего Симеоне останува верен и следната сезона
ќе биде на кормилото на „Колчонероси“.
Управата на
клубот исто така го осигурала играчот дека ќе биде инвестирана значителна сума
на средства во засилувања доколку биде тргната забраната на ФИФА за купување
нови играчи.
Причина плус е и
новиот стадион на кој Атлетико Мадрид ќе се пресели следната сезона.