99
Арсенал треба да му даде минимум четири гола на Баерн Минхен за да се надева на чудо и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Мисијата е невозможна, а Арсенал ќе биде ослабен и со неиграњето на Озил кој го пропушти и мечот против Ливерпул во Премиерлигата поради болест.
Озил повторно е на тренинзите на Арсенал, но се уште не е подготвен за дуелот со Баерн, но ќе настапи во сабота на мечот од ФА Купот против Линколн.
„Озил не е во составот, имаше само еден тренинг и не е физички подготвен за мечот со Баерн“ – изјави Венгер.