Де Лаурентис: Игуаин ме уценуваше да го продадам Каљехон за тој да остане, му понудив нов четири годишен договор

by
1 минути читање

По една фантастична сезона во Серија А, Игуаин за 90 милиони евра од Наполи премина во Јувентус и стана голем предавник за Наполитанците.

Де Лаурентис открива дека бил уценуван од Игуаин кој сакал Каљехон да биде продаден, но наместо тоа претседателот му дал нов, четири годишен договор на шпанскиот фудбалер.

„Со Игуаин не се дружевме премногу, не дека излегував на вечера со него, но прилично добро ја познавав неговата фамилија и морам да кажам дека беше за пример. Татко му беше фантастичен. Тука беше и брат му кој ми рече дека Игуаин не сака да игра со Каљехон и дека би требало да купам друг играч. А јас го сакам Каљехон па му понудив нов четири годишен договор. Не сум јас човек кој можеш да го уценуваш“ – вели Де Лаурентис.

„Точно е дека имаше една фантастична сезона, но поради неговите промашени пенали две години по ред не ги поминувавме квалификациите во Лигата на шампионите. Има играчи кои се сериозни луѓе и кои во Наполи ги третираме како дел од фамилијата. Но има и такви кои е подобро да ги продадете после три години“.

„Имаше откупна клаузула, па мислев дека најдобро е да преќутам и ако се појави неколку доволно луд да плати толку големи пари, супер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани