591
Играчите на Валенсија
се најдоа „на тапет“ откако вчера загубија со 3-0 на гостувањето на Висенте
Калдерон.
На официјалната
веб страна се појави анализа во која се упатени остри критики на адреса на
фудбалерите, особено на Кансело и Бакали.
„Многу лош
натпревар за Валенсија, без интензитет и компетитивност, сериозни грешки во
одбраната, малку амбиција за напад и јасна супериорност на Атлетико од
почеток до крај” –
гласи првиот пасус.
Во анализата исто
така се вели дека голманот на Атлетико, Јан Облак бил само „гледач повеќе“, а
Бакали и Кансело „играа како напаѓачи на Атлетико“.
Исто така авторот
пишува дека „резултатот можеше да биде скандалозен доколку Атлетико Мадрид беше
попрецизен“.