98
Обично Лео Меси е
тој што им дели потписи на фановите, но напаѓачот сега беше тој кој побара автограм.
Минатата недела
во посета на Барселона беше аргентинскиот едриличар Сантијаго Ланхе.
Тој има настапено
на шест Олимпијади, а минатата година во Рио, на 55 годишна возрст стигна до
златен медал и тоа откако во 2015 ја победи битката со ракот.
Сантијаго Ланхе
се сликаше со своите сонародници Лео Меси и Хавиер Маскерано и си размени
подароци со играчите на Барселона.
Откако тој на Лео
Меси му ја подари опремата со која настапуваше на Олимпијадата во Рио, најдобриот
фудбалер на денешницата покажа дека е само човек и побара автограм од едриличарот.