Манчестер јунајтед може да биде во сериозен проблем и наредните три натпревари да ги игра без својата најголема ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ и тоа во клучен дел од сезоната.
Ибрахимовиќ и Мингс имаа неколку дуели. Швеѓанецот доби лакт во главата од Мингс, ситуација која не беше забележана за време на мечот, потоа беше згазнат од фудбалерот на Борнмут, па тој жестоко возврати и го удри со лакт.
ФА денеска треба да соопшти дали ќе покрене постапки против Мингс и Ибрахимовиќ, но медиумите веруваат дека тоа сигурно ќе се случи.
Ибрахимовиќ ризикува да добие суспензија од три натпревари, а Мингс би можел и пожестоко да биде казнет.
Доколку Ибра биде суспендиран на три меча тој ќе ги пропушти дуелите со Челси, Мидлсброу и Вест Бромвич.