Лестер игра во полн сјај по заминувањето на Клаудио Раниери, имаат две победи од два натпревари, денеска го совладаа Хал.
Хал одлично го почна натпреварот, со гол на Клукас во 14. минута поведе со 1-0, но само го налути Лестер.
Во 27. минута Фукс го изедначи резултатот, а по 15 минути игра во второто полувреме Марез погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1.
Пред самиот крај на мечот Хаделстон си постигна автогол за победа на Лестер од 3-1.
Најефикасно беше на мечот помеѓу Ватфорд и Саутемптон каде што победија гостите со 4-3.
Ватфорд со гол на Динеј го отвори мечот, но Саутемптон преку Тадиќ и Редмонд направи комплетен пресврт.
Во 79. минута Окака изедначува на 2-2, но повторно следуваат два гола на Саутемптон преку Габиадини и Редмонд за 4-2. До крајот Ватфорд го ублажи поразот преку Дукур.
Стоук со 2-0 го победи Мидлсброу, Кристал Палас на гости го победи ВБА со истиот резултат.