Озил открива: Татко ми гневно ја тресна вратата од канеларијата на Перез, во тој момент заврши мојата кариера во Реал

by
2 минути читање

Како и во
случајот на голем број фудбалери, таткото на Месут Озул, Мустафа се грижеше за
кариерата на играчот.

Но двајцата не се
во најдобар однос откако Месут Озил во 2013 му врачи отказ и реши да ја прекине
соработката.

Фудбалерот на
Арсенал во својата автобиографија ја открива причината за ваквата ситуација,
играчот вели дека неискуството на неговиот татко го чинело крај на авантурата
во Реал Мадрид.

„Не сакав да
заминам од Реал Мадрид, сакав да го продолжам договорот“
– пишува Озил.

„Мојот татко
Мустафа, кој во тоа време ме застапуваше и беше мој советник, ги почна
преговорите
.

„Оствари контакт
со Флорентино Перез и закажа состанок
.

„Беше убеден дека
ги има совладано вештините за преговарање, но немаше многу искуство во
преговори со големи клубови и му недостасуваше смиреност за да се справи со
провокативната понуда од Реал Мадрид
.

„Не бевме алчни,
побаравме фер сума која Реал Мадрид не сакаше да ја плати
.

„Татко ми ги
загуби нервите и гневно ја тресна вратата од канцеларијате на Флорентино Перез
.

„Ризикував да
седам на трибини. Па морав да реагирам за доброто на мојата кариера
.

„Му се јавив на
Арсен Венгер, го имав неговиот број од претходно и му ветив дека ќе стапам во
контакт доколку барам друг клуб. И така завршив во Арсенал
.

„Се разделив со
мојот татко во октомври 2013. Беше лут. Дури и ми го избриша профилот на Твитер
и загубив милиони фанови
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани