Конте: Се надевам дека ќе останам во Челси долги години, но сите видовме што му се случи на Раниери

by
1 минути читање

Стратегот во
својата прва сезона во Премиелигата е на добар пат на Челси да му ја донесе
титулата.

Но и покрај тоа,
медиумите пишуваат за предвремен крај на неговата авантура на „Островото“ и враќање во Италија.

Оваа недела се
појавија стории кои велеа дека Антонио Конте ја прифатил понудата од Интер за
четири годишен договор и плата од 15 милиони евра по сезона.

Сепка,
Италијанецот го демантираше ова на денешната прес конференција.

Запрашан дали
добил понуда од Интер, Конте одговори: „Јас лично не сум добил“.

„Мојата ситуација
е прилично јасна. Имам договор со Челси и се обидуваме да изградиме нешто
важно, за сегашноста и иднината
”.

„Секој тренер,
кога започнува да работи за нов клуб, се надева дека ќе остане многу, многу
години бидејќи тоа значи дека добро си ја врши работата
”.

„Истото важи и за
мене, се надевам дека ќе останам долги години тука и ќе освојам многу трофеи“

„Но да не
заборавиме што му се случи на Клаудио Раниери…
”.

„Морате да бидете
подготвени на сè
”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×