Бонучи за расправијата со Алегри: Тоа е завршена приказна, следната недела ќе частам вечера

by
1 минути читање

Дефанзивецот
влезе во конфликт со стратегот на дуелот против Палермо пред две недели,
двајцата си разменија навредливи зборови околу несогласување за направена
замена.

За казна,
Леонардо Бонучи беше исфрлен од тимот за натпреварот со Порто од Лигата на
Шампионите, и средбата ја проследи од трибините на Драгао Стадионот.

Репрезентативецот
на „Аѕурите“ сега за прв пат ја прокоментира расправијата.

„Го расчистивме
недоразбирањето, разговаравме лице во лице
– вели Бонучи. „Односот помеѓу
нас сега е подобар и од претходно
.

„Случувањата
придонесоа да се зајакне тимскиот дух, сега сме обединети повеќе од било кога и
тоа ни дава одличен моментум за силно да притиснеме во финишот од сезоната
.

„Останува само
уште следната недела да го почстам тимот вечера
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани