Торес ја напушти болницата: Не се сеќавам на ништо

by
2 минути читање

Шпанецот синоќа
ги исплаши сите на Риазор откако по еден воздушен дуел во безсознание се
струполи на тревата.

Тој веднаш беше
пренесен во локална болница, за среќа с
è е во ред со него и Фернандо Торес нема
посериозна повреда.

Откако врз „Ел
Нињо“ утрово беа извршени неколку тестови и резултатите беа добри, докторите му
дозволија на Фернандо Торес да ја напушти болницата.

„Сè е во ред – им рече Торес на новинарите кои
го чекаа пред болницата. „Сакам да им се заблагодарам на играчите на Атлетико и Депортиво за нивната реакција. Исто така сакам да им се заблагодарам и на фановите
.

„Не се сеќавам на
завршните минути и страшната повреда. Имав слично искуство пред неколку години
со репрезентацијата на Шпанија, мислам дека тоа беше дури и полошо
.

„Дојдов при свест
во болничкото возило, ми кажаа каде сум и што се случило…

„Сакам да им се
заблагодарам и на докторите и на целиот персонал во болницата, беа феноменални.
Се надевам дека ќе ги видам пак, но на улица, не во болница
.

На крајот Торес
вети дека наскоро ќе им се врати на тренинзите: „За два-три дена ќе можам да
тренирам со соиграчите
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани