Браво за Габи и Врсаљко, му го спасиле животот на Торес

by
2 минути читање

Во завршните
минути од вчерашниот дуел помеѓу Депортиво и Атлетико Мадрид се случи драма на
Риазор.

По еден воздушен
дуел, Фернандо Торес доби удар во главата и во безсознание падна на теренот.

„Ел Нињо“ ги
исплаши своите соиграчи кои во паника веднаш притрчаа а најспретно реагираа
капитенот Габи и Шиме Врсаљко.

Тие не дозволија
напаѓачот да си го проголта јазикот, а нивната спретна реакција ја пофали
докторот на Депортиво, Карлос Ларињо кој прв му даде помош на Шпанецот долу на
теренот.

Она што Габи и
Врсаљко го направија е клучно, реагираа брзо и спретно
– вели Ларињо.

„Завршија одлична
работа. Габи бил гризнат додека се обидувал да му го извади јазикот“.

Дел од играчите
беа во шок, особено младиот дефанзивец Хосе Хименес.

„Ние докторите не
можеме да си дозволиме да бидеме исплашени
.

„Ваквите повреди
се страшни за оние кои не се навикнати. Торес дишеше на теренот но беше во
безсознание неколку минути
.

Торес веднаш беше
пренесен во локална болница, и за среќа вестите се добри, тој е свесен и во
стабилна состојба.

„Ќе го
набљудуваат 24 часа. Нема проблем, тестовите се нормални, се е во ред со него
.

„Се работи за
тешка траума со губење на свеста. За кратко време ќе биде пуштен дома. Не се
сеќава на ништо. Но во вакви случаи нормална е појава на амнезија
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани