Ривалството е огромно, дури и полицијата од Манчестер го „трола“ Ливерпул (ФОТО)

by
2 минути читање

Во последниот ден
од 2016, Ливерпул пред своите фанови го совлада Манчестер Сити и се промовираше во сериозен предизвикувач на Челси во трката за титулата.

Но тимот од Енфилд
игра во очајна форма во 2017, доживеаа елиминација од ФА Купот во дуелот со
второлигашот Вулверхемптон, како и од Лига Купот во двомечот со Саутемптон

„Црвените“ не се
ништо подобри ниту во Премиерлигата, во јануари освоија само три поени, исто
толку и во февруари, па наместо за титулата, сега ќе се бори за топ четири
пласман и место во Лигата на Шампионите..

Па ваквата
ситуација ја искорсти полицијата од Манчестер да се пошегува на сметка на
големиот ривал од Мерсисајд.

За да ги најави
новите промени во законот според кој возачите ќе добијат шест казнени поени
доколку бидат фатени со мобилен во рака додека возат, полицијата на социјалните
мрежи одлично го истрола Ливерпул.

„Од денеска,
доколку го користите мобилниот додека возите ќе завршите со повеќе поени на
вашата возачка околку што Ливерпул освои во февруари…. ШЕСТ
– гласеше пораката на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани