Сампаоли: Барса? Размислувам само на Севиља

by
1 минути читање

Луис Енрике нема да биде тренер на Барселона во следната сезона, па клубот е во потрага по негов наследник. Како еден од кандидатите се споменува тренерот на Севиља, Жорге Сампаоли.

„Барселона? Тоа прашање нема одговор, бидејќи не постои такво нешто“ – вели Сампаоли.

„Не знам што се зборувало, во оваа фаза од сезоната нема смисла да се зборува за кандидати“.

„Јас сум приврзан до смрт со овој проект во Севиља“.

Сампаоли има договор со Севиља до крајот на следната сезона, но вели дека има план да продолжи.

„Се уште не сме се сретнале со челниците на клубот, но секако, има намера да продолжиме“.

Севиља игра одлична сезона, во моментов е конкурент на Барса и Реал за титулата во Примера и е во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани