412
Во последниот
натпревар од 25. коло во Примера, Севиља ја доби пресметката со Атлетик Билбао
и го задржа чекорот со Барселона и Реал Мадрид.
Херој на
домаќините беше Ибора кој во 14. минута погоди за 1-0 и три важни бода во
трката за титулата.
За разлика од
Севиља, Атлетико Мадрид продолжува да заостанува зад водечките екипи,
„Колчонероси“ одиграа само 1-1 на гостувањето кај Депортиво Ла Коруња.
Андоне ги донесе
домаќините во предност од 1-0 во 14. минута, а Гризман во 68. минута изедначи
на 1-1.