Озил открива детали од жестока расправија со Мурињо во Реал Мадрид

by
2 минути читање

Германецот
на Сантијаго Бернабеу
работеше три сезони под водство на Жозе Мурињо, и
заедно освоија една титула во Ла Лига, една титула од Купот на Шпанија и една
титула од Суперкупот на Шпанија.

Весникот Билд
сега објавува серијали од автобиографијата на Месут Озил, и открива детали од
жестока расправија помеѓу играчот и Жозе Мурињо.

На полувреме од
натпревар, Португалецот удрил по Озил пред остааните играчи: „Мислиш дека две
додавања се доволни? Мислиш дека си толку многу добар па е доволно да играш со
само 50%?

„Потоа престана.
Зјапаше во мене со темните кафени очи. Јас зјапав во него. Како двајца боксери
пред почетокот на првата рунда. Не покажа никакви емоции. Само чекаше одговор од
мене. Колку само го мразев во тој момент. Макар што го обожавам и го сакам
.

Како што
ескалирала расправијата, Озил го фрлил својот дрес кон Мурињо, а „Специјалниот“
му вратил: „Ах, ќе се откажеш сега? Знаеш што Месут, ти си кукавица, ти си бебе.
Што сакаш? Да се лигавиш под тушот или да се докажеш себеси, на соиграчите и на
фановите што можеш да направиш?

Месут Озил секако
го одбрал тушот, но веднаш знаел дека погрешил па уште вечерта го посетил Серхио Рамос
и му се извинил. Тој потоа им се извинил и на останатите играчи и побарал
прошка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани