Реал Мадрид влезе како огромен фаворит против Лас Палмас но на крајот се спасуваше од пораз, натпреварот заврши 3-3.
Прстот е вперен во Герет Бејл кој по две минути игра во второто полувреме најпрво доби жолт картон, а по неспортската рекција веднаш потоа и црвен.
Многумина веруваат дека со 11 на 11 на теренот Реал Мадрид сигурно ќе ги освоеше сите три бода против Лас Палмас.
„Бејл се извини, не е среќен со исклучувањето. Но вакви работи се случуваат, сега не можеме да промениме ништо“ – вели Зидан.
„Се навикнав да бидам среќен по натпреварите, но овој пат не можам да бидам среќен. Но ова е долга сезона и ќе ги промениме работите“.
По синоќешните натпревари Барселона изби на врвот на табелата со бод предност, но Реал Мадрид има натпревар помалку.