86
Милан требаше да биде продаден до 3. март, кинескиот конзорциум „Сино Јурот Спортс“ требаше да уплати уште 320 милиони евра, но тоа не се случи.
Постигнат е договор кинезите да уплатат уште 100 милиони евра, а комплетирањето на купопродажбата да се одложи за нови 30 дена.
Тоа значи дека Кинезите веќе имаат платено 200 милиони евра. Најпрво платија капар од 100 милиони, а сега плаќаат уште 100 за дополнително одложување.
И покрај тоа што од уплатената сума може да се заклучи дека продажбата на Милан е само прашање на време, целата ситуација ги иритира навивачите на клубот.