Антонио Конте е
на добар пат да ја освои титулата во Премиерлигата во својата прва година на
кормилото на Челси.
Но се говори дека
авантурата на стратегот на „Островото“ ќе биде кратка, и последните информации
велат дека следната сезона тој ќе седне на жешкото столче на Џузепе Меаца.
Денешното издание
на Тутоспорт вели дека Антонио Конте му кажал ДА на Интер откако „Нероаѕурите“
му понудиле мега договор.
Тој во прв момент
одговорил негативно на договор со плата од 11 милиони евра по сезона, но се
предомислил откако на маса бил ставен четири годишен договор и плата од 15
милиони евра по сезона.
Легалниот тим на
Конте сега преговара со Роман Абрамович за прекин на соработката, а се најавува
дека и сопственикот на Интер, Жанг ќе се сретне со рускиот милијардер за да се
испеглаат деталите.
Се говори дека
Жанг на Абрамович би можел да му понуди инвестиции во Кина наместо Интер да му
плати обесштетување на Челси.