Требаше Клаудио Раниери да си замине за фудбалерите на Лестер да потсетат на минатата сезона. Сините одиграа одличен меч и славеа лесна победа над Ливерпул.
Резултатот го отвори Џејми Варди во 28. минута по едно одлично додавање од Олбрајтон.
Само десет минути подоцна Дринквотер со фантастичен гол од далечина го зголеми резултатот на 2-0.
По 15 минути игра во вториот дел нов гол на Варди, овој пат по центаршут на Фукс, напаѓачот само се поклони и со глава зголеми на 3-0.
Ливерпул до крајот на мечот успеа само да го намали водството на 3-1.
Големи три бода на Лестер со кои се искачи на 15. место на табелата, а Ливерпул продолжува да игра во лоша форма и доколку Јунајтед го добие заостанатиот меч против Сити, црвените ќе паднат на шестото место.