105
Навивачите на Лестер се гневни на одлуката на раководството да го отпушти Клаудио Раниери, тренерот кој им го донесе најголемиот успех во историјата, титулата која беше тешко и да се замисли дека можат да ја освојат.
Но модерниот фудбал е таков, емоциите се во навивачите, не и кај сопствениците на кои важни им се само бројките.
Пред денешниот меч против Ливерпул, навивачите на Лестер протестираа со разни пароли но и една мртовечка кола која ја симболизираше смртта на фудбалот.