102
По вчерашниот
пораз на Наполи, Интер со победа над Рома вечерва можеше да направи значаен
исчекор кон топ три пласман на табелата.
Но „Римската
Волчица“ се покажа како пресилен противник и со три бода си замина од Џузепе
Меаца.
Резултатот го
отвори Наинголан со одличен гол во 12. минута. Популарниот „Нинџа“ испрати проктил за 0-2 во 56. минута.
Икарди го врати
Интер во игра во 81. минута, но сите дилеми беа решени во 85. минута кога
Пероти погоди од белата точка за 1-3.