Вечерва и Џејми
Варди се огласи на социјалните мрежи по отказот на Клаудио Раниери, откако
претходно тоа го сторија Шмајхел, Дринквотер и Марез.
Напаѓачот му се
заблагодари на стратегот и му посака се најдобро во иднина.
Англичанецот исто
така ја искористи оваа прилика да ги негира шпекулациите кои велеа дека тој е
еден од играчите кој побарал смена на Клаудио Раниери.
„Безброј пати
почнав да пишувам и да ги избришам зборовите од овој пост! Морам да најдам
правилни и соодветни зборови, барем толку му должам на Клаудио!” – гласи пораката на Варди на
Инстаграм.
„Клаудио секогаш
ја имаше и ќе ја има мојата почит! Она што го постигнавме заедно и како тим е
невозможно! Веруваше во мене кога многумина не веруваа, па затоа вечно ќе му
бидам благодарен”.
„Има шпекулации
кои велат дека јас сум бил инволвиран во неговиот отказ, но тие се неточни,
неосновани и навистина болни! Виновни сме само за тоа што како тим потфрливме
на теренот, и ова го признавме и во соблекувалната и јавно”.
„Му посакувам на
Клаудио се најдобро во иднина. Ти благодарам Клаудио за се”.