114
Јувентус во
јануари инвестираше 15 милиони евра, плус 6 додатни милиони во бонуси, во 22
годишниот Матија Калдара но го остави дефанзивецот во Аталанта.
Младиот
Италијанец уште сега почна да ја исплаќа инвестицијата на „Бјанконерите“ откако
вечерва го сруши Наполи и ги оддалечи „Наполитанците“ од трката за титулата.
Калдара го отвори
резултатот во 28. минута откако одлично се снајде по еден корнер.
Тој потоа погоди уште еднаш по еден брз против напад во 70. минута за 0-2 и три бода за Аталанта.