Нови двајца играчи на Лестер се огласија по отказот на Раниери (ФОТО)

by
1 минути читање

Играчите на
Лестер се прилично тивки откако управата на клубот на големо изненадување во
четвртокот одлучи да му врачи отказ на Клаудио Раниери.

Прв денеска се
огласи голманот Каспер Шмајхел, а сега двајца нови играчи испратија порака.

„Едно големо
благодарам за се што помогна да постигнеме како тим… и јас лично! Сакам да ти
посакам се најдобро во иднина. Незаборавни спомени! Благодарам
– напиша Дени Дринквотер на
Инстаграм.

На социјалните
мрежи се огласи и Ријад Махрез кој напиша: „Голема почит за одличниот човек кој
ни помогна да испишеме историја. Ми помогна да се изградам како играч и ми ја
даде храброста која ми беше потребна. Веруваше во мене од првиот ден. Ти
благодарам многу за се. Господ нека те благослови
.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани