Уште едно
непријатно искуство за Хамбургер на гостувањето во Минхен кај „Баварците“.
Исто како пред
две години, Баерн Минхен немаше милост за Хамбургер и го испрати со осум
погодоци во мрежата.
Видал ја отвори
гол серијата во 17. минута а потоа следуваше хет-трик на Левандовски.
Напаѓачот од
пенал зголеми на 2-0 во 24. минута, а пред крајот на првиот дел погоди за 3-0.
Полјакот на
стартот од второто полувреме биеше прецизно на 4-0, а во 56. минута „пукна
петарда“ кога Алаба ја затресе мрежата на гостите.
Нововлезениот
Коман со два гола за пет минути ги донесе домаќините во предност од 7-0 а Робен
во 87. минута стави точка на натпреварот.
Дортмунд забележа
нова победа откако со 0-3 славеше на гостувањето кај Фрајбург, РБ Лајпциг со
3-1 го совлада Келн, Аугсбург со 1-2 победи кај Дармштад а Леверкузен пред
своите фанови беше поразен во дуелот со Мајнц со 0-2.