Мурињо удри по играчите на Лестер: Бевте себични, мислевте на повеќе пари…

by
1 минути читање

Португалецот е
еден од најголемите критичари на одлуката на „Лисиците“ да се разделат со
Клаудио Раниери, и во неколку наврати му даде поддршка на Италијанецот.

Тој сега прстот
го впери и кон играчите, Жозе Мурињо вели дека нивната себичност придонела за
лошата сезона и отказот кој го заработи Клаудио Раниери.

„Веројатно
сезоната започнала со типичната себичност на другите, играчите мислат на нови
договори, на повеќе пари, размислуваат да заминат и забораваат кој им помогнал
да стигнат до одредено ниво
– вели „Специјалниот“.

„Но ова не се
случува само во фудбалот, се случува насекаде, веројатно и во вашиот свет.
Некој принципи повеќе ги нема
.

Неколку весници
вчера објавија дека играчите му забиле нож во грб на Раниери, се пожалиле кај
сопствениците дека не се задоволни од соработката со стратегот и придонеле тој
да донесе отказ.

„Доколку дел од
сториите кои ги прочитав се точни, или пак имаат барам нешто точно, не можам да
го оправдам тоа
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани